Снежана Алексиќ Станојловиќ

Родена е на 1.10.1962 година во Белград. Средно училиште и Педагошка академија има завршено во Скопје. Педагошки факултет и мастер-во Сомбор. Денес како професор по одделенска настава, работи и твори во Нови Сад.
Има објавено три поетски збирки: „Побарај ме“(Градска конферениција на книжевната младина, Скопје,1980), „Ода за Орфеј“(Феникс, Скопје,2014), „Ораница“(БКЦ, 2016). Проза пишува и објавува веќе подолго време, а прва објава во форма на прозна книга со книжевни преставки и рецензии за литературни дела, ѝ е книгата „Тревки во тревата“(БКЦ, 2018).Сите нејзини книги се напишани на македонски и српски јазик. „Ораница“ е единствена книга во која песните се објавени на српски, македонски и унгарски јазик, со која таа македонски јазик го промовираше и во Унгарија.
Стихозбирки „Чекори” и „Каселата за сонот македонски “ се во процесот на објавувањето.
Има преведено песни и научни трудови на повеќе од дваесет автори од Македонија. На српски јазик препеала книги од: Вера Андон, Весна Мундишевска, Зоран Пејковски, Филип Димкоски (чија книга во препевот добила награда 2019.год од страна на Банатски културен центар). Оваа година објавена е во нејзиниот превод и книгата за Даница Ручигај „Лебедовата песна на Заробеничката на ветерот“ од авторите Свето Стаменов и Искра Чоловиќ, а до крајот на годината се очекува да бидат објавени и препеви на двете стихозбирки од првата македонска поетеса Даница Ручигај. Во овој миг работи на преводот на романот за деца „Марта„ од Горјан Петревски.

Уште како младинка и членка на литературниот клуб „Ацо Караманов“ била наградувана од областа на литература и учествувала на „Млада Струга” 1984. Некои од наградите во последниве години ѝ се: Меѓународната награда „Стојан Христов“ на „54.Струшки вечери на поезијата“-2015 во Македонија; добитник е на награда на манифестацијата „Збор во зборот“ која ја доделува „Книжевниот клуб „Дениција“ при Универзитетот во Битола, Македонија (2015); наградата „Lingva“ за превод и афирмација на македонската литература, која ја доделува Здружението за наука, книжевност и култура „Круг“ во Битола, Македонија (2017); наградата ,,ArsPoetica” која ја доделува издавачката кућа „Феникс“ во Скопје (2019); меѓународна награда за поезија во Мелник, Бугарија (2019)…
Песните ѝ се препеани и објавени во преку педесет поетски зборници и антологии, во книжевни магазини и летописи, како пред триесет години, така и денес. Свои литературни творби има објавувано во десетици списанија за книжевност, наука и уметност.

Учесник е на многу меѓународни книжевни фестивали, трибини и поетски маратони.Уредник е на меѓународниот зборник посветен на Душко Трифуновиќ „Има некоја тајна врска“ (2016).
Стручни текстови и научни трудови од областа на својата професија објавувала повеќе пати во неколку републички и меѓународни списанија и летописи. Евалуатор е на учебници за помалите одделенија во издание на издавачката куќа Клетт. Автор е на повеќе училишни проекти за деца од основното образование. Организира и соработува со фестивалите за детско литературно и ликовно творештво и промовирање на литературни дела.
Со своето ангажирање успеала да го воведе изучувањето на предметот „Македонски јазик со елементите на националната култура“ во основното училиште „Вељко Влаховиќ“ во Нови Сад. Со голема љубов повеќе децении во регионов, го промовира македонскиот јазик, култура и традицијата на Македонија. Соработува со Националниот совет на Република Македонија во Република Србија.
Член е на Друштвото на писатели на Војводина и Друштвото на просветни работници-литературни творци во Република Македонија.

Пишува на македонски и српски јазик и се обидува да и припаѓа на литературата на двата јазика.

Молитва за Скопје

Мoлитва за Скопје Се раѓаш со тресок и секавици во новиот ден по сите огнови…