Славица Дабевска Ќировска

Славица Давевска Ќировска е родена во Тетово. Пишува поезија и проза.
Творештво:
„Булки покрај пругата“ (поезија ,2011)
„Венчаница“( поезија,2012)
„Душа која грее“(поезија,2012)
,,Само ѕвездите знаат“(поезија,2013).
,,Зелениот Капут(роман,2016).
Својата поетска даровитост поетесата ја претстави на читателската публика на бројни настапи на поетските средби во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина. Досегашното поетско умеење е претставено на литературни портали. Повеќе пати наградувана и пофалувана на поетските средби за што зборуваат бројни дипломи и зборници .
Награди:
Добитник на :
Прва награда Велимир Раиќ- Алексинац(2015), Втора награда Барајево (2015), Прва награда: Ќирилица Огледало Српске Душе – Велики Поповац (2014), Втора награда – Раковица (2014), Повеља, Миљковиќевих Вечери – Скулптура Теодора (2014), Втора награда, Вихор – Дервента(2014) Трета награда на Меѓународниот поетки конкурс ,, Белоцветни Вишни- Казанлах – Р. Бугарија (2013).
Целата творечка енергија ја усмерува во создавањето на уметнички дела па покрај пишување се искажува и во музиката и во сликањето. Член да Друштвото на писатели на Република Македонија. Живее, работи и твори во Тетово.

Сокак од детството

Од детството се уште помнам: Преку прозорецот се вѕирам втренчена Во сокакот…Таму, како во каменолом…