Марина Мијаковска

Марина Мијаковска (1984) пишува поезија, проза, есеистика и литературна критика. Таа е доктор на филолошки науки. Од 2013 година е членка на Друштво на писателите на Македонија. Таа дипломирала, магистрирала и докторирала на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на Катедрата за општа и компаративна книжевност. Во македонската и балканската периодика таа активно објавува книжевно-научни прилози. Дел од поетските творби и од расказите на авторката се објавени во домашни и странски антологии во превод на англиски, српски, хрватски, албански, романски, чешки, полски, кинески јазик, итн. Мијаковска учествувала на многу меѓународни книжевни манифестации: „Струшките вечери на поезијата“ во Струга (2010) и (2012); „Поетски вечери во Корча“ (2012); ,,Ditët e Naimit” во Круја и Тирана (2013); „Караманови поетски средби“ во Радовиш (2013, 2014, 2015, 2017, 2018); „Рацинови книжевни средби“ во Велес (2014, 2016, 2017, 2018); „Gornjogradski književni festival“ во Загреб (2014); „Dani prijatelja knjige“ во Риека (2014); „More na dlanu“ во Пула, Ровињ, Лабин и Пазин (2015); „U spomen na književnika Antu Zemljara“ на Паг (2015); „Portile Poeziei“ во Карас-Северин во Романија (2016), „Letni oder Ruše“ во Руше (2018), итн. Таа се стекнала со неколку книжевни награди во земјава и во странство: „Специјална награда за литературно творештво со високо уметничко ниво со ценети и трајни поетски вредности“ на „Поетски вечери во Корча“ (2012); „Караманов“ (2013); „Македонска книжевна авангарда“ (2013); „Крсте Чачански“ (2014); „Бели мугри“ (2015). На меѓународниот поетски самит на „Кантфест“ во Белград, а во организација на книгоиздателство „Арте“ од Белград ја добила втората награда за песна. Во 2017 година Мијаковска била предавач на книжевната работилница „Есенски креативен мозаик“ во организација на ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ од Скопје, а во 2019 година таа била предавач на книжевната работилница „Мали приказни од Скопје“ во организација на „Просветно дело“ од Скопје.

Стихозбирки за возрасни:

-„Номадска душа“ (Скопје: Антолог, 2010);
-„Куфери“ (Скопје: Матица Македонска, 2013);
-„Психоаналитичка алхемија од страсти“ (Радовиш: Дом на културата „Ацо Караманов“, 2013);
-„Тиркиз во лето“ (Струга: Бран, 2015);
-„Постела на тишината“ (Скопје: Дом на култура „Кочо Рацин“, 2015);
-„Коскена“ (Скопје: Дијалог, 2019)

Стихозбирки за деца:
-„Новогодишни детски песни“ (Скопје: М. Мијаковска, 2017)

Книги со раскази:
-„Куќички“ (Струга: Бран, 2014)

Есеистички и научни книги:
-„Жанровски полимер: Сандаче од ракописи во обид“ (Дијалог, 2016);

-„Модели на родовата идентификација“ (Скопје: Сигмапрес, 2018)

Аудио книги:
-„Психоаналитичка алхемија од страсти“ (Велес: Локална библиотека „Гоце Делчев“ од Велес и Брајовата библиотека „Рајко Пајдаков“ од Велес, 2018)

Гласот како потврда за женското постоење

„Гласот на другоста и перспективите на женското писмо“ на Ана Вељаноска е интердисциплинарна студија од…