Јованка Денкова

Јованка Денкова е редовен професор на Филолошкиот факултет, при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип. Магистрирала и докторирала на УКИМ, насока Македонска книжевност, на област од книжевноста за деца и млади.

На Филолошкиот факултет, при УГД-Штип, предавала предмети од областа на книжевноста за деца, фолклорот, средновековна книжевност, македонската книжевност во 19 век и македонска култура и цивилизација.

Нејзината научно-истражувачка актива ја сочинуваат над 170 статии од областа на книжевноста, учебници и научни книги. Во моментов ја подготвува за објавување својата втора научна книга и збирка поезија.

Ноќни дијалози

НОЌНИ ДИЈАЛОЗИ Со трептеж и бранливо трпнење во длабочините на утробата, нестрпливо го очекувам бесшумното…