Филип Димкоски

Филип Димкоски е поет од најмладата генерација македонски творци, новинар, рецитатор и преведувач. Апсолвент е на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје. Долгододишен соработник е на првиот македонски дневен весник Нова Македонија каде објавува во додатокот за деца „Колибри“ и во рубриките Култура, Економија и Магазин, соработник е на интернет порталот КулАрт.Мк каде е уредник на рубриката Licentia poetica во која ги претставува поетите од Балканот.  Неколку години по ред бил водител на манифестациите Детски литературен фестивал „Ракатки“, „Денови“ и „Прешернов ден“ во Скопје.

Автор е на книгите: Најхранливи зборови од детска душа дарови (поезија и куса проза за деца, Дата Песнопој, 2010), Божилак на исконот (поезија за возрасни ЈОУ Градска билиотека „Борка талески“-Прилеп, 2014), Заедно да растеме (поезија за деца, Академски печат-Скопје, 2018), Во градината има само љубов (поезија за возрасни, самостојно издание, 2018)

Преведени книги на други јазици: Дуга искона (издание на српски јазик, самстојно издание, 2016), Дга от древността (издание на бугарски јазик, ИК Палмира, Стара Загора, 2016), Заједно да растемо (издание на српски јазик, Банатски културен центар, Ново Милошево, 2019), В градината има само љубов (издание на бугарски јазик, ИК Палмира, Стара Загора, 2019)

Сликовница: Eкодете-чувари на природата (илустрации: Јасмина Главинче), Wizart и Скопје креатива, 2018

Книги во превод на Филип Димкоски: Поетската книга „Акт во моминската соба на Ленка Дунѓерски“ од Радован Влаховиќ (од српски на македонски јазик), 2019, Монодрамата „Мажиштето“ од Димитар Никленов (од бугарски на македонски јазик), 2019, Поетската книга за млади „Ѕвездена лектира“ од Власта Н. Цениќ (од српски на македонски јазик-во процес) 2019/2020

Поезијата му е препејувана на англиски, грчки, српски, бугарски, хрватски, италијански, германски, руски, хебрејски, послки, чешки, украински, ромски… а објавувана во над четириесет зборници, антологии, списанија и весници.

Преведува и препејува  од хрватски, од српски и од бугарски на македонски јазик.

Добитник е на повеќе награди меѓу кои:

  • Награда „Златно перо“ за книгата „Заедно да растеме“ за најдобра книга за деца во регионот прогласена од Хрватското книжевно друштво, Риека, Р. Хрватска, 2018
  • Плакета „Симо Цуциќ“ за српското издание на книгата „Заедно да растеме“ од Банатскиот културен центар, Ново Милошево,Р. Србија, 2019
  • Најталенитиран млад учесник на Мелничките вечери на поезијата, Мелник, Р. Бугарија 2012
  • Награда „Млада Струга“ на Струшките вечери на поезијата, Струга, Р. Македонија, 2010
  • Меѓународна награда „Белоцветните вишни“, Казанлак, Р. Бугарија, 2016
  • Највисокото градско признание на град Прилеп, „3 ноември“ за аирмација на македонскиот јазик и образованието, 2019

Остани

ОСТАНИ   Доволно ли си чист за да газиш по водениве ливади? Разликуваат ли замаеност…