Санде Стојчевски

Санде Стојчевски (с. Студена Бара, Кумановско, 16.9.1948) – поет, литературен критичар, есеист, антологичар, полемичар и преведувач. Член е на Друштвото на македонските писатели, член на Македонскиот ПЕН-центар, член на Сојузот на литературните преведувачи на Република Македонија, почесен член на Сојузот на бугарските писатели и член на Славјанската литературна и уметничка академијата во Варна, Република Бугарија.

Автор е на 17 поетски збирки, како и на 16 книги со поетички текстови, есеи, критики и полемики. Објавени се и осум избори од неговата поезија и есеистика во Македонија, потоа избрани дела во шест тома, како и десет поетски избори на странски јазици. Составил девет антологии на македонската поезија и критика. Добитник е на сите позначајни награди за поезија и критика во Македонија и на неколку меѓународни награди за поезија. Носител е на државната награда „Св. Климент Охридски“ за животно дело.