Петре М. Андреевски

Петре Мито Андреевски (Слоештица, Демирхисарско, 25 јуни 1934 – Скопје, 25 септември 2006) — македонски поет, романописец, раскажувач и драмски автор. Се вбројува меѓу најдаровитите, а воедно и најпопуларните македонски поети и раскажувачи. Неговите приказни се честопати необични и чудно испреплетени, но во особеноста на својата упатеност кон читателот, раскрилуваат еден познат и близок свет, што го препознаваме како ехо на дамнешни, напати, темни кажувања.

Петре М. Андреевски – цитати од Дениција, Пиреј и Тунел

„Дениција“, 1968 „Ти беше мојот Исток и мојот Величетврток, ти беше сè што му недостасуваше…