Весна Ацевска

Весна Ацевска (Скопје, 10.11.1952) – поет, преведувач, автор на романи за деца и младина, есеист, критичар. Член е на Сојузот на писателите на Македонија, член на Македонскиот ПЕН-центар, каде што е член во Управниот одбор, член на Сојузот на литературните преведувачи на Македонија, член на Интернационалното друштво „Калеваласеура“ од Финска и на Славјанската уметничка и литературна академија во Варна.

Има објавено седум поетски книги, еден поетски избор на македонски јазик и осум избори од нејзината поезија на романски, турски, албански, бугарски, српски, хрватски, англиски  јазик. На нејзината поезија е посветен бројот на списанието „Стремеж“ под наслов „Ехо на ентелехијата“ (2008). Застапена е во разни антологии на македонската поезија објавени во земјата и во странство. Ги добила наградите за поезија „Браќа Миладиновци“ (2009) и „Ацо Шопов“ (2012). Автор е на три романи за деца и младина. Ги превела еповите „Калевала“, „Стара Еда“ и митолошкиот дел на „Шахнаме“ од Фирдоуси, за кои двапати ја добила наградата „Григор Прличев“, како и признание на „Калеваласеура“ од Финска. Носител е на државната награда „Св. Климент Охридски“ за животно дело.

Од оваа страна

ОД ОВАА СТРАНА Велат, немало човек без вина, ниту имало човек без долг. Дека е…