Вања Изова Велева

Вања Изова Велева, родена е во Струмица. Дипломирала на Универзите-
тот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на групата Македонска
книжевност со јужнословенски книжевности. Магистрира-
ла на Институтот за македонска литература при Универзи-
тетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на студиската про-
грама за постдипломски студии под наслов Културолошки
студии во книжевноста, и се здобила со звање магистер по
културологија. Член на Друштвото на писателите на Маке-
донија од 1995 година.
Ги објавила книгите поезија:
1. Вентил во постоењето, 1993
2. Смртта на рибата, 1995
3. Зашиени грла, 1997
4. Правта не зборува, 2002
5. Плач во кутија, 2007
6. Бездна угоре, 2010
7. Позајмена прашина, 2013
8. Безмалку, 2016.
9.Чекор по жица,2018
Автор е и на прозните записи Неколку легенди за Стру-
ма, 2011 г. и на книгата Жената и каменот, 2013 г. (магистерски
труд). Коавтор е на монографското издание Чекори по
ѕвездените штици.
Застапена е во повеќе антологии. Дел од нејзината пое-
зија е препеана на англиски, француски, српски, словенеч-
ки, шпански, бугарски, полски и руски јазик.

Премолчан страв

Премолчан страв Сите чуваме понекој страв, некогаш заради навика некогаш заради себе. Нѐ плаши заборавот,…