За една благородна донација на македонски книги во Словачка

ЗА ЕДНА БЛАГОРОДНА ДОНАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИ КНИГИ ВО СЛОВАЧКА

Текстов има првенствено за цел да ја извести македонската културна јавност (малку задоцнето, но, сепак, незаборавно) за една благородна донација на македонски книги во Словачка, која беше реализирана уште во октомври 2018 година. И во ова најново време (на самиот почеток од третата декада од дваесет и првиот век), за жал, статусот на македонскиот јазик, историја и култура се повторно предмет на различни политички дебати дома и надвор од земјата, а таквата реалност, за волја на вистината, никого (барем од фелата на хуманистичките науки) не треба да го остави рамнодушен. Во тој домен, сакаме да потсетиме на овој убав настан, кој беше реализиран точно пред две години во Братислава. Конкретно, станува збор за тоа што поранешната македонска амбасадорка во Виена (Република Австрија, но задолжена и за Р. Словачка) – нејзината екселенција д-р Василка Попоска Треневска, заедно со својот сопруг и поранешен дипломат м-р Мартин Треневски, донираа на Катедрата за словенски филологии на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Комениус“ (најголемиот, најстариот и најдобриот словачки универзитет – континуирано вреднуван меѓу првите 500 светски универзитети на Шангајската ранг листа) во Братислава околу 700 книжни наслови стручна литература и белетристика од македонски автори, како и други репрезентативни аудио и видео материјали и изданија посветени на македонистиката – пишувани, снимани и публикувани на македонски и на англиски јазик. Пратката беше со задоволство примена на Филозофскиот факултет во Братислава каде што беше приреден и специјален дочек на гостите од страна на сите членови на Катедрата за словенски филологии, како и од страна на претстваници од новинарскиот сектор. Словачката медиумска јавност тогаш навремено го проследи настанот, беа објавени неколку информативни статии за донацијата, а подоцна беше публикувано и цело интервју со м-р Мартин Треневски во еден од познатите словачки портали за општествени прашања. Добиените книги и материјали се користат сега редовно од страна на словачките студенти кои веќе повеќе години ги следат изборните предмети „Македонски јазик 1 и 2“, „Факти за Македонија“ и „Македонски филм“ под водство на д-р Звонко Танески, професор по книжевен превод, книжевна компаратистика и јужнословенски книжевности на Филозофскиот факултет при наведениот универзитет во словачката метропола. И ваквиот акт на професионална соработка, несомнено, ќе го зајакне уште повеќе долгогодишниот афирмативен став на словачката славистичка мисла за македонскиот јазик, литература и култура за кои од неодамна се објавуваат и цели студии во словачки престижни научни списанија со фактор на влијание. Во прилог го проследуваме и официјалното поздравно писмо на амбасадорката на англиски јазик, кое беше доставено во архивата на Катедрата за словенски филологии на Филозофскиот факултет во Братислава заедно со донацијата.

 

KATEДРА ЗА СЛОВЕНСКИ ЈАЗИЦИ НА ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ
ПРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ KОМЕНИУС, БРАТИСЛАВА

DEPARTMENT FOR SLAVIC LANGUAGES ON THE FACULTY OF
PHILOSOPHY AT THE UNIVERSITY COMENIUS, BRATISLAVA

Subject: ДОНАЦИЈА/DONATION

Dear Ladies/Sirs,

It is my great pleasure and honor to have this opportunity to present on my behalf
as Ambassador of the Republic of Macedonia to the Slovak Republic this donation
to the Department of Slavic languages of the Faculty of Philosophy at the
University  COMENIUS in Bratislava of Macedonian literature in contemporary
Macedonian language and in English language and also some other written and
music material from and about Macedonia.
Slovak people and Macedonian people are linked with very millennium long strong
bondage culturally and historically through the epochal mission of the Holly
brother Sts Cyril and Methodius. Their first mission started in Macedonia and last
mission ended right here in this part of Europe and gave literacy to hundreds of
millions of Slavic people.

I strongly believe that this donation will be cherished as valuable contribution for
further popularization of Macedonian language in the Slovak Republic and I
express my deepest appreciation to Slovak Ministry of Education
and Comenius University for supporting studies of Macedonian language, literature
and culture which is of immense importance for further development of our ties as
countries and nations.

Most sincerely,
Dr. Vasilka Poposka Trenevska, Ambassador of the Republic of Macedonia to the
Slovak Republic
In Bratislava 17th October, 2018

© 2021 Trend Magazine. All Rights Reserved - Powered by Optimus Solutions.

Scroll To Top