МЕЃУНАРОДЕН ИНФОРМАТОР ЗА КУЛТУРНИ НАСТАНИ

Издавачката куќа Феникс од Скопје на својот портал www.trendmagazine.mk покрај објавувањето на творештвото од познати и афирмирани македонски и странски автори, одлучи од 1 ноември 2020 година да ја воведе и рубриката КУЛТУРЕН ГЛОБУС во која планира да ги објавува сите активности на странските амбасади, конзулати, дипломатски претставништва и други меѓународни организации кај нас и во светот, кои се поврзани со книжевноста, културата и уметноста.

Затоа, Ве молиме, да започнете да ни ги испраќате информациите и фотографиите и другите материјали на нашиот службен мејл: info@feniks.net.mk , а ние веднаш ќе ги објавиме. Ве замолуваме материјалите да бидат на македонски јазик, а доколку не сте во можност да ги преведете, тогаш испраќајте ги во оригинал и ние исто така ќе ги објавиме во оригинал.

Тренд магазин е електронско списание за литература, култура и уметност, па затоа можете да ни испраќате информации за конкурси, проекти, промоции, книги, изложби, преводи, трибини, работилници и слично.

© 2021 Trend Magazine. All Rights Reserved - Powered by Optimus Solutions.

Scroll To Top