ЗОШТО ИСЧЕЗНУВААТ ПЕРИОДИЧНИТЕ СПИСАНИЈА КАЈ НАС

Како  во онаа прекрасна песна каде има стих Каде се нашите списанија, ред е и ние отворено и јавно да се запрашаме зошто се толку многу редуцирани, која е нивната динамика, дизајн, ангажираност, атрактивност и на крајот од краиштата: оправданост, функција и цел на македонските периодични списанија, кои не само што се ретки, туку одвај постојат и излегуваат и немаат речиси никакво побитно значење, улога и место.

Најпрвин, пред да ги именуваме виновниџите и да укажеме на последиџите, ќе констатираме дека бројот на списанијата во Република Македонија е симболичен, а нивниот удел во културата, уметноста, науката и воопшто во современото живеење е скромен, повремен, површен и кампањски и речиси непостоечки.

Наједноставно и највулгарно, но точно речено: денешните македонски списанија излегуваат кога ќе им текне, без некоја посебна специфика и оригиналност, точно определена концепција, функција и намена, соработници од земјата и странство со свои рубрики, колумни и слично.

Всушност, тие се како поштенски сандачиња, па се објавува она што ќе стигне, со просечен и сомнителен квалитет, без нарачани текстови и други прилози, најмногу затоа што државата помага во финансирањето на само еден, два или неколку броеви годишно, а не се исплатуваат никакви хонорари.

Дизајнот на списанијата е класичен и клиширан, старомоден и стереотипен, а концепцијата е најчесто ред коски и ред месо, односно од се по малку шаренолико, неповрзано, случајно и инцидентно, со многу малку тематски броеви кои однапред се концепирани, осмислени, планирани, подготвени и реализирани.

Во реализацијата на списанијата најчесто учествува еден човек, или одвај двајца-тројца помошници, а кругот на соработниците е тесен и најчесто ист.

Затоа, неопходно е освежување, ревидирање и реконципирање на постоечката ситуација и на самите списанија, со широко и демократско, а не партиско и клановско определување, со нов и поголем број на соработници кд земјата и странство и со враќање на актуелноста и современоста и во формата (па и форматите) и содржината (иновациите, експериментите и авангардните потези и засеци).

Македонските списанија излегуваат само за да излегуваат, ретко кој ги следи и чита, па и соработува во нив. За разлика од порано кога со нетрпение се очекуваше секој.нов број на списанијата, бидејќи донесуваа полемики, критики и рецензии, но и најави на нови ракописи со поетски циклуси, прозни одломки, критичко-есеистички фрагменти…

Во списанијата треба да има илустрации, уметнички фотографии, стрипови, графити и слично, што значи еден нов и поинаков мултимедијален, креативен и визионерски пристап, модел и концепт.

Списанијата во печатен облик се пред исчезнување, во застоена вода и голи и боси до коленици, што ќе рече без иднина и перспектива, а електронските списанија можат да се избројат на орстите од едната рака и се во малку поповолна позиција.

Исклучок кд ова правило се одвај неколку списанија.

На нашите списанија, како неопходни периодични гласила, им треба финансиска инфузија и материјална инекција, но и кадровско екипирање, трансформирање, осовременување и реактуелизирање, но и покренување и поддржување на нови, дефицитарни и поинакви списанија, зашто недозволиво е и понатаму да немаме научни списанија со меѓународен импакт фактор, или специјализирани списанија за ликовна уметност, архитектура, стрип, уметничка фотографија, дизајн…

© 2020 Trend Magazine. All Rights Reserved - Powered by Optimus Solutions.

Врати ме горе