Сопатник

СОПАТНИК

Откако почна да врне овоj дожд,
а веке цела недела врне,
од тогаш и моjот прозореца
кон душата ми гледа
и плаче…

Отнатре ли сон бил!
Или отнадвор сонувам!

Един ангел со рането крило
на влезот сега ме очакува…

ПРЕДВИДУВАНА

Jас сум дотука
Но и натаму

Нема на Небото изгреjсонце и залeз
Нито сон и будене има

Има Земjа
Чудна Земjа
Коjа живее осветлена отсекаде

И не се врти како никоj лудак
За да рага болка
и смрт

ИЗВОР

Секоj мисли дека те познава
и дека всушност сам се исцпруваш…

Се наведува, пие, ако му се пие,
ако не – пак пие и заминува…

Никоj не прашува како доагаш невидлив
и како иако видлив некаде се губиш…

А и не мора – затоа што можеш пред секого
да се разоткриваш незабележано…

ПОСТЕЛА

Се помека
и се поудобна…

И се пострашна –
како поминуват годините…

Ако беше каjче
од бура престигнато

немаше да биде jсно
тоа што е непридвидливо…

НЕЗАВРШЕНО

Сино во сино ромони…
Пливат сини искри…

Пагаат сини реси;
се истураат сини одблесоци…

Гулаб бел мегу нив
во бели крилjа како снег
рага познати бездни…

И лета со времината
пред времината…

Со мене…

МАНАСТИР

Не се гледа от патот…
Горски осои го криjат.

Патни знаци покажуаат
как до него стигнуаат
и грешници
и посветеници…

Но Тоj се крие от нив…

Откаде го знам тоа?
Патот знае.

Никоj друг не се открива
толку изненадувачки себе си…

ТРАГИ ОТ ВЕТЕР

… по ветерот…
со неговите студени бранови…
под сончевата пот…
од сите страни…
ту збеснет…
ту збунет…
ту трепетно смирувачки…
се загатнува…

се одгатнува…

 

ФАНТАЗИJА

Овоj човек, коj се уште седи врз каменот
на брегот на морето и гледа во морето,
jас не знам зошто и од кога го наблудувам…
Божем е Господ, затоа и се плашам да седнам до него
ами ако е Тоj, или пак ако не е.

Но претчувствувам – добро е сепак
и во едниот и во другиот случаj да бидам далеку од него,
затоа што и пред мене морето е море
со браноломни блесоци,
со недопрени длабочини,
со уште нестигнати
хоризонти и пламена…

Но тоj човек, коj продолжува да седи врз каменот,
исконски и некако оддалеку ме мами,
но не затоа што седи връз своjот камен,
ниту пак со себе (тоj во моята глетка е),
а со своjот поглед,
со се што се случува во неговата душа…
Имам желба да гледам во неа…
И да видам се…
И да разберам се…
Но уште се плашам
да ги позаjмам неговите очи…

УЗДА

Ставив на Времето чудна узда –
од сборови кои ги луби…

Но да го jавам уште не знам.
Нема и од кого да научам…

Всушност, и не знам како во таа човечност
уздата му jа ставив!

Аjде Време… Не предпоставив,
дека ке те учам на Вечност…

 

Препев од бугарски: Паскал Гилевски

© 2020 Trend Magazine. All Rights Reserved - Powered by Optimus Solutions.

Scroll To Top