Метеорот Лехма

МЕТЕОРОТ ЛЕХМА

Во таа занесена полноќ
се појави метеорот Лехма
ја исфрли над нас
опашката на краткиот оган

со младоженска ткаенина
Ерос не погледна
а свадбарите
од свадбарите ни трага ни глас
таа бистиална ноќ
ја запали метеорот Букра
и го помина патот брзо
толку брзо

душите збореа во таа занесеност
лудачки
од тоа оптоварување
на страста на слободата
пулсираше сешто во нас
(леле) што брзање беше тоа…
а очите,
очите се хармонизираа
заедно станавме
како точноста на вајарот
се топневме на гласот од виолините
не бевме животот
баравме да врне дожд, град, снег. Метеори, ѕвезди
имавме пристап до Господ

ништо
немаше ништо што можеше да го запрее незапирливото
замина со таа брзина на невиност со која дојде
со тој спомен кој го отвори
ниту опшката не и се виде
небото испукна
падна

после две години смртност
следната траекторија
повторно ќе не гага
со огнен здив
скулптура на лудост и животински акт
сред раце
ќе замрзнеме

 

ГО СПУШТИ МАДРИД МЕЃУ НАС

секако дека потресена се врати
друго не може да биде
без навредување на чувствата кои се стегаа на тоа сонце од очи
а ќејфот на душата ти го распукаше тапанот на непристрасната слобода
твојот сон беше танго
танго кое и се додворуваше на слободната волја
немаше робски чувар да ти здосадува
со очи на наблудувач да ти го убие
просторот на можноста која беше целата твоја
колку еден Мадрид
каде се игра играта и валканиот пот го исфрла
слободата е како сонцето
каде те допира небото, небото, небото…
и го поздравува Господ,
му се загблагодарува за Мадрид
и бара да се вратиш пак
дома и повторно во Мадрид
каде борба со бикови се случува тука во Скопје
а црвеното фустанче немаш како да го облечеш
оти бикови и овнови напаѓаат,
ајде разбери го
каде треба да ја оставиш душата
а каде месото
јас чекам да го испијам кафето во “Galaxy”
и да го слушам мирот кој се има оформено во тебе

Мадрид
го спушти меѓу нас
тука кај Скендербег во Бит Пазар

Еден е Бог
Еден е Животот

 

ВО ГАЕТА

Еден поглед се закоји
во тој миг метеорски
во Гаета!

солемна беше пораката
жареното колебање се нацртуваше
во своето отварање

ја зеде со себе грижата
кога пупакот на патот се исече
не сакаше
ниту сенката да се судри над патникот
жеден извор
никогаш да не остане

 

КОЊСКА ТРОЈА

со ножевите искаснати
се проширува географијата на тропкањето
на Тројанскиот коњ
плеска

и не можеш да си замислиш со мозочето
како го јадеме каремот
кога сенките ни го облакат телото
зафат по зафат со коњската Троја
и ни се побелува повеќе и од белината на снегот
пената на устата

трпезите ни ги полни

никој не му ја турбулира капката на ќејфот

што ни остана од Троја
освен коњот
со звукот измамата

 

ВАЛКАНА НОЌ

Беа додјени сенките
со светлината на месечината
светлината ги имаше измамено
облечена
со валканиот мрак на ноќта

живот на оргија беше процветано
беше време на валкана ноќ
додека огнот не избувна
сенката го имаше соборено
животот

 

ТЕТОВСКИ ЈАБОЛКИ

Низ вековни концерти
ги крастеше и ги вадеше Тетово
своите јаболки

како зрно сол
ти доаѓа да плеснеш
кога ги гледаш натаму
како ги цепа лошиот заб

на крај
толку се изнајадеа
за да забите им се трнеат

 

ВКОЧЕЊЕ НА СОНОТ

кон петелот на утрото
сонот и се вкочи

го раскажував тоа
го прераскажував
секоја синџирска животна етапа

децата
ох децата
што слух држеа
не можевме да ја издефинираме никако

да се изсонуваше
над географиајта на потеклото
барем еднаш

 

АЛБАНСКА МАРАТОНА

Тирана
пред
спартанскиот маратонец
Атина
ќе ја згазам тој ден
кога веста за падот
на останатото средовековие
ќе ја отера

маратонската смрт ќе ја предизвикувам
големата жед за наблудување
круната толку очекувана
кај се пушта позади
мојот крај

продолжува со провоцирањето
на оваа страна
албанската Маратона

 

САМОЖРТВУВАЊЕ

малку на издигање
во пресрет на нова година
се поставија зидовите
сред името

до каде паѓаат сенките
рекоа
се нашите гробови

завршетокот на сонот
го посакавме патувајќи

нашето без зидови
да го живееме од другата страна на сонцето

 

Препев на македонски: Ремзи Салиху

© 2020 Trend Magazine. All Rights Reserved - Powered by Optimus Solutions.

Врати ме горе