Траен критичко-есеистички придонес (Критичко-есеистичкото творештво на проф.д-р Стана Смиљковиќ посветено за македонските автори и книжевност)

Aбстракт: Српската универзитетска професорка испишува критичко-есеистички осврти, односно студии во кои посебно место зазема македонската литература. Таа со предизвик се нашла пред поетски и прозен творечки опус со исклучително творечко вдахновение, а кој е наменет на најмладиот читател. И, како што таа истражувајќи, меѓу другото, ќе заклучи: пишувал Славко Јаневски за деца не само од општествена потреба, туку и од духовна – пишувал, бидејќи согледал дека најмладиот читател е запоставен, заборавен. Она што мислел да го соопшти, шепне, раскаже, да им го најави на децата, го направил тоа во своите приказни и песни.
Клучнизборови: Стана Смиљковиќ, Славко Јаневски, литература за деца и млади, поезија, проза

Интуицијатана поетот предупредува дека секое уметничко дело се стреми кон височините и пространството. Ѕвоното високо ѕвони. Праисконските извори на светлината се шират. Можеби самиот човек е светлина во загадочниот универзум! – така пишува проф.д-р Стана Смиљковиќ во книгата Прозното и поетското творештво за деца на Славко Јаневски (издание на Издавачката куќа Македонија презент од Скопје во 2012 година).
Понатаму, авторката Стана Смиљковиќ, осврнувајќи се на книжевното творештво за деца и млади, помеѓу другото забележува дека времето на детство во литературата за деца добива нови акорди, ликови и нови содржини. Писателите го наслушнуваат ритамот на современиот живот и светот и квалитативно и квантитативно со новиот пристап ги откриваат сите оние закопани и заборавени огништа од кои пораснале децата и подоцна, од нив станале зрели луѓе. Песните и приказните вдахновени од детството, се развивале и станале духовни придружници на тоа мало суштество кое уште од најрани денови ќе ги отвори својата душа и срце и ќе ги согледа моралните, социјалните и општествените проблеми кои се неминовни придружници на човекот.
Долговреме книжевноста за деца како уметност беше демантирана, отфрлувана и недоволно вреднувана. Низ литературната историја струеја различни мислења за тоа што е литературата за деца и како треба да се пријде на тој вид творештво. Голем број студии и дискусии говорат за интересот кон оваа духовна творба, кон средствата со кои книжевниците се служат за да ја откријат детската психа, детската радост и “градините на детството”. Кога сето ова се има во предвид, се наметнуваат прашањата кои не се нови, но кои секогаш остануваат без конечен одговор: што е литературата за деца, дали е книжевноста за деца уметност на зборот, како треба да се сфатат делата наменети за децата, што е современата книжевност за деца итн. Прашањата кои ги измачуваат теоретичарите, литературните историчари и критичарите сигурно во себе ги содржат оние материјали и проблеми со кои се соочуваати писателите и читателите како корисници на овој вид духовна творба. Најеминентните стручни лица во своите размислувања ја откриваат сета комплексност на проблемот кој е пред нас: литературата за деца не е книжевност од втор ред. Напротив, тоа е книжевност која има своја специфичност, свои методи и соодветни изразни средства. Тоа е книжевност од чии извори се точи минатото време, времето кое не е само време на детство, туку и време воопшто. Слободан Ж. Марковиќ истакнува дека во делата за деца со магијата на уметничките зборови “се слеваат две детства, минато и сегашно, со кои временската разлика придонесува да се состави побогата и посодржинска целина на нова, подинамична младост, која се манифестира во можностите и желбата за живот”.
Фактотдека оваа книжевност предизвика поинакви мислења и различни претпоставки сведочи за интересот кој литературата за деца го предизвикува од своето создавање до денес. И покрај различните противречности може да се прифати тезата дека книжевноста за деца е уметност на која треба да се пријде со знаење и вистински. Ако тргнеме од таа констатација, мораме да имаме во предвид дека тоа не е само книжевност и според мотивате и според изразните средства, туку тоа е автономна, самостојна литература која денес го добила својот современ облик, современи ликови; литература која не е само во служба на дидактиката, моралистиката. Тоа е литература која буди естетски чувства, ја развива фантазијата и мислата, го збогатува емотивниот свет.
Европскитеи јужнословенските критичари и историчари главно се наоѓаат на истата линија за оценување на функциите, вредностите и улогата на овој вид литература. Особено внимание обрнуваат на изразот кој треба да ја восхити младата, и не само младата читателска пубика; изразот кој со својата редуцираност придонесува да се каже она што е предмет на опишување или пеење. Функцијата на изразните средства има значајно место во книжевните дела за децата.
Вотој и таков стил и манир, српската универзитетска професорка, а во еден подолг период и декан на Учителскиот факултет во Врање, испишува критичко-есеистички осврти, односно студии во кои посебно место зазема македонската литература.
Натворештвото на Славко Јаневски почитуваната Стана Смиљковиќ магистрира (под менторство на проф.д-р Миодраг Друговац), откако претходно и ќе дипломира на Филолошкиот факултет во Скопје. Но, Стана Смиљковиќ како активен, вреден, агилен и серозен стручњак и научник во изминатиот повеќедецениски период разгледува и оценува бројни македонски автори и дела. Тоа предадено, со почит и љубов го прави и денес и според својот долгогодишен и студиозен ангажман е еден од ретките и најзначајните наши поклоници и следбеници, љубители, почитувачи, проучувачи и симпатизери.
Таапишува за: Григор Прличев, Марко Цепенков, Славко јаневски, Видое Подгорец, Христо Петрески и други.
Затоа, не случајно, во 2012 година авторката ја доби и Меѓународната награда Ана Франк, токму за ова ретко и значајно дело, кое е актуелно, содржајно и обмислено дело И и ја третира литературата за деца и млади, а признанието го доделуваат Издавачката куќа Феникс и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација Македонија презент од Скопје.
Потој повод, на промоцијата на книгата од Стана Смиљковиќ за Славко Јаневски и врачувањето на наградата Ана Франк, проф.д-р Благица Петковска од Педагошкиот факултет во Скопје, во својата поздравна беседа истакна дека станува збор за исклучително творечко вдахновение на еден познат и признат, автентичен автор од соседството.
Книжевнотосоздавање за деца од македонскиот современ раскажувач, великанот Славко Јаневски, во македонската културна историја има почесно место. Имено – генерации деца раснеа со неговите: Улица, Шеќерна приказна, Најголемиот континент, Сенката на Карамба-Барамба, Марсовци и глувци, Бубачки и шумски ѕверки, Тоа беше вчера, Црни и жолти.
Поетскотои прозното творештво што Јаневски го наменил на децата дава можност тоа да се проучи и да се толкува од повеќе становишта, притоа да се користи различна методологија во откривањето на уметничко-естетските вредности и вистини што оваа литература го нуди. Тоа, воопшто, не е лесна и едноставна задача за аналитичарот што се зафатил со опусот на Јаневски.
АвторкатаСтана Смиљковиќ со предизвик се нашла пред поетски и прозен творечки опус со исклучително творечко вдахновение, а кој е наменет на најмладиот читател. И, како што таа истражувајќи ќе заклучи, Пишувал Јаневски за деца не само од општествена потреба, туку и од духовна – пишувал, бидејќи согледал дека најмладиот читател е запоставен, заборавен. Она што мислел да го соопшти, шепне, раскаже, да им го најави на децата, го направил тоа во своите приказни и песни“… Со збирката Најголемиот континент (1969), ја затвора својата поетска работилница која била наменета за децата. Го завршува пишувањето, но неговите дела и денес зрачат со вистинска убавина која се открива со читањето“.
Научниоттруд од д-р Стана Смиљковиќ, по воведот: Литературата за деца како уметност на зборот“, ја има следната Содржина: Улогата и местото на Славко Јаневски во конституирањето на современата македонска литература за деца; Делата за возрасни и за деца произлезени од перото на Славко Јаневски, Влијанието на народната книжевнист врз творештвото за деца на Славко Јаневски; Животната средина – непресушен извор за создавање – корените на врската на писателот со детството во делото Улица; Шеќерна приказна – пример за модерна бајка; Проза на поетската фантастика – спој на лирското, фантастичното и функционалното: Марсовци и глувци; Сенката на Карамба Барамба; Пионери и пионерки, бубачки и шумски ѕверки; Естетските вредности на прозата за деца од Славко Јаневски; Животните во расказите за деца – алегорија на современиот живот; Раните поетски импулси на Славко Јаневски – песните создадени непосредно по војната; Поезија исткаена од реалното и имагинарното: Црни и жолти; На најголемиот континент од Славко Јаневски – хуморот и поезијата – егзотичниот свет на поезијата; Поезија која доби современ тон, јазик и мелодија; Зборот на литературната критика за литературните дела за деца од Славко Јаневски.
Додатокот, Заклучокот, Литературата и други прилози ја заокружуваат целоста на оваа книга на авторката Стана Смиљковиќ, која е плоден научен работник и автор и коавтор на повеќе книги.
Овојтруд по својата научно-содржинска и формална заокруженост е траен придонес за монографски пристап кон тема што секогаш ќе биде вредна за почит и интерес, како што севременски ќе живее и творештвото за деца на Славко Јаневски.
Проф.д-р Стана Смиљковиќ заслужува внимание и респект за својот досегашен труд и ангажман, предаденоста и посветеноста и остварените евидентни и неизбришливи постигања и резултати на планот на афирмацијата и презентацијата, односно толкувањето и дисперзијата на македонската кинижевност и надвор од нашите граници…

Литература:
1.Смиљковиќ, С. (2012): Прозното и поетското творештво за деца на Славко Јаневски. Македонија презент, Скопје
2.Смиљковиќ, С. (2003): Бајкописац Славко Јаневски у контексту европске књижевности. Зборник радова са ЏЏИЏ научне конференције, Охрид, стр. 717-725.
3. Смиљковиќ, С. (2009): Ново читање песама за децу Григора Прличева. Методичка пракса бр. 1, стр.23- 29.
4. Смиљковиќ, С. (2008): Непролазна лепота лирских народних песама Јужне Србије и Македоније. Зборник реферата са међународне научне конференције Српско- македонске културне и књижевне везе, Ниш, стр. 111-121.
5. Смиљковиќ, С. (2004): Слике детињства у бајкама Видоја Подгорца. Просветно дело, Скопље, бр.3.
6.Петрески, Х. (2013): Авторска бајка – компаративна анализа. Феникс – Скопје

© 2019 Trend Magazine. All Rights Reserved - Powered by Optimus Solutions.

Врати ме горе