Денот што не го сакам
Денот кога сум болен однатре
Кога не сакам да излезам на улица
Оти градот е во дебела дремка
Ден кога ролетните се полуспуштени
Кога се ослушкувам себеси
Недела е ….
Ден кога се прашувам кој сум јас
Наспроти вселената
Или поточно наспроти сонцето
Како клучна ѕвезда за човекот
Ден кога не знам
Која е мојата улога
Во овој изветвен свет
Ден кога ја барам
Смислата на постоењето
Зошто сум овој којшто сум
А не некој друг
Недела е
Ден кога ги вртам старите слики
На подновените албуми
Ги спомнувам миговите
На радост што се одвеани
Како и грото насмевки на
Ликовите што сеуште
Постојат во мојот живот
Недела е ….
2
Ден кога ми доаѓа да си
Заминам од себе
Или да се преобразам во бумбар…
Недела е ден кога
Не ѕвонат телефоните
Недела е ден кога
Не важи старото правило
Дека дента е слика на
Телото , а ноќта на душата….
Во недела духот рамнодушно
Спие и не се бунтува …
Недела не е ден за мене
Тоа е несостојба моја
Во која сум втурнат
Нужно еднаш седмично
Не по своја волја
И без право на обжалување/ жалба/…
Ден кога ја чекам
Сопругата да се
Врати од на гости
И да почне да прераскажува настани…
Недела
Ден кога си ја повторувам
Старата вистина
Човекот доаѓа сам
3
Живее во суштина сам
И сам си оди од веков
А другото е само декор
Пат кон самотијата
Или пак елементи
На лажниот пакт
Со времето кое ги
Одбројува преостанатите мигови
На животот кој се повеќе
Се претвора во недела…